Во пресрет на Black Friday, ги прашавме граѓаните дали е тоа меѓународен ден на попустот, финансиско суеверие или нешто трето? Повеќето ни рекоа дека е суеверие: „Дефинитивно, најголем маркетиншки трик на денешницата, профитабилен петок, и за мене финансиско суеверие на кое му се враќам секојпат“, „ден на попустот, 5% попуст и ништо повеќе“, целта е „да се продаде се по иста цена, а да се каже дека е на попуст“.
Прашавме и „Ако Black Friday беше актер, која улога во филм ќе ја играше- шмекер, измамник, токсичен бивши/а дечко/девојка или нешто друго?“: „Измамник, затоа што сите мислат дека на тоа се прават најголемите превари“, „измамник – лажат, треба да е поголем попустот“, „љубовник, многу лесно достапен… сите го грабаат“, „шмекер, се е налицкано, се е на попуст, иако не верувам дека се реални попустите…“, „дефинитивно измамник, затоа што сите се лажеме и би го играл Леонардо Ди Каприо сигурно…“.
А еве што ни одговорија граѓаните на прашањето: „Кога би можел да си купиш карактерна особина на 70% попуст, каква личност би бил од понеделник?“: „би била трпелива…“, „би купил трудољубивост, анти-мрза“, „организираност…, пошто каснам сегде“, „памет“.
Во најновата епизода на Внимание граѓаните одговараат и на прашањето: „Кој момент е позаебан: кога ќе сфатиш дека си купил глупост… или кога нема веќе попуст?“
