Екипата на „Внимание“ во Бања Лука ги праша граѓаните што им паѓа прво на памет кога ќе го чујат зборот „Македонија“. Еве што ни одговорија: „Црвена пиперка… близината на Грција“, „добра храна, убави девојки“, „сонце, и тоа што имате одлични пејачи и песни“, „искрено Охрид, море долу, Тоше Проевски“, „Сонцето, луѓето, љубовта“, „Охрид, гравче тавче“, „Македонија – убава природа, добра храна, убави жени, интересна музика“…
Ги прашавме и Бањалучани што мислат – дали било подобро во Југославија или сега. Мислењата беа поделени: „Во Југославија, затоа што сите бевме едно, сега си ти Македонија, а јас Босна – ко да сме два света“, „Исто се – не чини ни тогаш, ни сега“, „Па, јас мислам дека е подобро сега… сега е мир“.
Прашавме и „Дали може Балканот да се обедини во ЕУ, или ќе одиме во ЕУ секој засебно“. Еве што ни кажаа Бањалучани: „Мислам дека е тоа тешко да се изведе, поголема веројатност е засебно“, „Би било одлично да не спојат заедно, и да не земат по свое, не да владееме ние, не сме ние за тие работи“, „Па може, би било тоа добро, тоа е добра идеја, би биле подобри како луѓе“, „Па, мислам дека веќе влегува секој засебно, но мислам дека ние не можеме едни без други да функционираме.“