Внимание за Велигден: Подобро 40 дена без месо, отколку без интернет!

Во најновата анкета на „Внимание“ ги прашавме граѓаните: „Кој пост е потежок: 40 дена без месо или 1 ден без интернет?“ – „Мислам дека еден ден без интернет, затоа што денес за се ни треба интернет“, „Ами, интернет не може да е поважен од религија, религијата е поважна“, „Без интернет“, „Ај, ќе речам еден ден без интернет“, „Леле, и едното и другото треба, јас не знам што е потешко, интернетот не опкружува, ни треба интернет“, „Подобро 40 дена без месо, отколку без интернет, затоа што религијата е поважна“.

А еве какви одговори добивме на прашањето „Ако продолжат да растат цените на јајцата, што ќе вапцува народот догодина за Велигден, можеби компир?“ – „Реално, зошто да не, таа е формата, поевтино е, ќе ги сечеме, ќе ги јадеме, ќе ги вариме“, „ротквица може поише, округла е, и црвена, не мора да ја фарбаш“, „Или компир, или нешто што има таков округол облик, ама мислам дека сепак ќе останат јајцата“, „се високи цените, ама ќе се скрати во нешто друго“, „јајца, колку и да поскапуваат цените, јајцата, тоа е како традиција“, „пак јајца, колку и да растат, пак јајца“, „кај да е, можеби може ќе почнеме и кокошки да си чуваме“.

На крајот, граѓаните си замислуваа и потпевнуваа – „Замисли дека Ти не си Џокси и доврши ја песнава: На Велигден сум се заљубил…“ – „На Велигден сум се заљубил, но тој во мене не се заљуби…“, „Сум отишла на некое многу убаво место…“, „На Велигден сум се заљубил и сите пари на јајца сум ги потрошил“, „На први мај се оженив“, „И глава не можам да кренам од заљубеност“, „На Велигден сум се заљубил и во црква сум отишол“, „И сум се заљубил, на другиот ќе се одљубам…“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни