Внимание: вандали и хулигани ги загрозуваат децата и јавната безбедност

Екипата на Внимание ги прашува младите во врска со насилството кое поприма различни облици: хулиганизам, булинг, семејно насилство…

На прашањето: „Што мислите, зошто некои млади уништуваат паркови и прават штета на јавни добра?“, младите велат: „тоа произлегува од домашното воспитание“, „недоволно внимание од родителите“, „културата што ја стекнуваат од дома“, „имаат некои фрустрации што сакаат да ги искажат“, „вишок енергија, и незадоволство лично“, „неисполнетост према животот“, „од бесот кај младите, немаат енергијата каде да си ја извадат…“

А, еве што велат граѓаните на прашањето „Да сте вие родител или наставник, како би ги казниле вандалите и хулиганите?“: „Може малку построго, со повеќе санкции, зашто ова сега веќе не е нормално“, „да има построги закони“, „казните се последни што треба да бидат“, „со казна нема решение“, „не би ги казнила на некој конкретен начин, туку би поставила добар пример“.

Граѓаните кажуваат и како би ги заштитиле децата од булинг (малтретирање) на училиште, ако се министри за образование: „без социјални мрежи, телефони да немаат за време на часови, повеќе ќе се дружат, и нема да бидат асоцијални“, да има општа едукација или посебен предмет на кој ќе се учи од примери, кои се последиците од булингот, и преку филмови, музика, театар.

„Тој што малтретира е проблемот, а не тој што е малтретиран. Затоа би му пружил поддршка на тој што е малтретиран, и построги казни за тие што малтретираат“.

Граѓаните одговараат и „Како би ги воспитувале тие што веруваат дека „ќотекот е излезен од рајот“?“: „Јавни кампањи, каде што би се образувале родителите дека има и други начини за воспитување“, „тоа не е начин на казнување… тоа е исто како и вандализмот“, „Ќотекот дали е излезен од рајот, излезен е зашто не припаѓа таму“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни