Во најновата анкета на „Внимание“ ги прашуваме граѓаните дали “сејф сити” ќе го направи Скопје побезбеден и попаметен, или пак позакрчен град? Еве што ни кажаа: „Мислам дека ќе го направи позакрчен, и посигурен…“, „Ќе го успори соообраќајот ама ќе го направи позакрчен… едноставно нема сообраќајна култура кај нас“, „Ќе го направи побезбеден, дефинитивно“, „Со оглед на голем број на сообраќајки, и невини жртви, да“, „многу е битно кој на крај ќе ги гледа тие казни, и колку тоа вистински ќе се воспостави…“.
А еве што одговорија граѓаните на прашањето „Им верувате ли на камерите и вештачката интелигенција која ќе одредува казни?“: „На вештачката интелигенција не толку, но се надевам дека тие камери ќе ги заменат полицајците, ако имаме камери што ќе ни е полицијата“, „ќе видиме како понатаму системот ќе реагира, треба да има малце и толеранција како во сите европски градови“, „не верувам, затоа што може да се направи грешка, на пример, ако некој брзо вози да се префрли на колата позади“, „верувам јас на вештачката интелигенција, не верувам на нашиот систем, не е само до вештачката интелигенција, треба некој и да ја гледа таа вештачка интелигенција“.
На прашањето, „Треба ли да се казнува за возење со 51 км на час низ град?“, повеќето сметаат дека не треба: „треба барем 55“, „не би требало за минимални работи да биде казнувано“, „не може значи на 50, 51 порака да стигнува, колку е тоа веродостојно? Сепак, треба да се работи уште и да испитаат, пред да пуштат.“
Сите граѓани ни рекоа дека не треба веднаш да се почне со казнување од нова година, туку дека ни треба повеќе време со опомени.
