Екипата на „Внимание“ одлучи да рекреира една позната анкета од 2000-та година, со прашањето „Што ве прави нервозни?“. Еве што велат граѓаните од Скопје во 2026 за тоа што ги прави нервозни:
„Ништо… – Ништо не може да те изнервира? Па, зависи? – Од што? Од сѐ.“
„Искрено, кога некој шматка, со устата дури јаде“, „Некој кога ќе те излаже“, „Кога сум гладна“, „Кога некој се понаша лошо спрема мене“, „Нешто кога не ми оди по план“…
Прашавме и: „Од што ти се ежи кожата и што ти предизвикува морници?“. Еве какви одговори добивме: „Утакмици, на пример, и во последен момент нешто да се деси, да победиме, да изгубиме нешто“, „Војна или нешто такво кога ќе видам, крв, кога ќе видам мртви луѓе како во Кочани“, „Да видам згазено куче“, „Кога сум на високо, и кога сум со премногу луѓе, кога сум во гужви“, „Кога ќе видам некоја незгода“, „Влажни марамици… кога ќе ги пипнам, ми се ежи“.
Дениз го постави и следново прашање: „Кажи ми, што те тера да плачеш?“: „Кога има многу неоправилности во светот и кога се карам со девојка ми“, „Ау, многу работи, пред добивање – сѐ… да те видам и тебе и ти ќе ме натераш да плачам“, „Ако видам да почине некое младо момче, младо девојче, младо дете… Ако имаш душа и срце во себе ќе плачеш, ако немаш душа, ќе се смееш.“
