Во најновата и најнасмеана анкета на „Внимание“ ги прашавме скопјанки, „Што е најубавото во пролетта, за тебе?“: „Денското кафе…“, „Ми иде роденден“, „Што се буди природата, дека има сонце конечно“, „Расцутените дрвца“, „Новите работи кои излегуваат од земја, и од една темна состојба наеднаш има премногу бои“, „Луѓето, што има луѓе надвор“, „Природата се буди, младост, среќни луѓе, излезени, плоштадите ни се полни сеуште“.
Еве што велат скопјанки на прашањето „Каква промена ќе донесе оваа пролет за вас?“: „Очекувам дека војните ќе бидат посмирени за да можеме сите ние повеќе да патуваме“, „Се надевам нешто убаво, убави вести, тоа би било одлична работа“, „Направи ми интервју после три месеци, кога ќе почне лето, па ќе ти кажам“, „Луѓето ќе имаат попозитивни мисли“, „Оф, не знам, се надевам нешто убаво ќе биде, а за државата се трудам да не размислувам. Само се надевам нема да раснат цените, ама се спремам за најлошото“.
На крај, скопјанки имаа можност да ја довршат реченицата „Пролет иде…“: „хахаха, луѓето се среќни“, „снегот снежи, дрвата цутат“, „пролет иде во нас и околу нас“, „кафе надвор ќе се пие“, „природата се буди“, „пролет иде, лето доаѓа“, „пролет иде, нов почеток ќе биде“.