Adrianus Warmenhoven, експерт за сајбер безбедност од NordVPN, ги истакна клучните закани и понуди совети како да избегнете интернет измами за време на празничната сезона на купување.
Освен што означува почеток на божиќното купување, Црниот петок е еден од најочекуваните датуми за оние кои бараат најдобри попусти. Но, ова е исто така период со зголемен ризик.
Во анализа до која дојде Euronews, компанијата за сајбер безбедност NordVPN откри дека бројот на лажни интернет продавници пред Црниот петок се зголемил за 250%. Исто така, бројот на страници кои имитираат eBay се зголеми за 525% од септември до октомври, а имитациите на Amazon за 232%.
„Криминалците создаваат убедливи лажни страници, се претставуваат како доверливи брендови и објавуваат измамнички реклами што купувачите ги насочуваат кон слични продавници дизајнирани да ги украдат нивните податоци“, предупреди Warmenhoven.
Тие исто така користат методи како e-skimming за да украдат информации од картици и лични податоци од легитимни страници. Последиците за купувачите можат да бидат сериозни, вклучувајќи финансиски загуби и кражба на идентитет.
Совети за заштита:
Купувајте само од официјални веб-страници и проверувајте го URL-от и сигурносниот сертификат (https/иконата за катанец).
Користете силни, уникатни лозинки и активирајте двофакторска автентикација.
Предпочитајте виртуелни или еднократни картички, или безбедни платформи како Apple Pay или Google Pay.
Активирајте известувања од банката и редовно проверувајте ги сметките за непознати трансакции.
Внимавајте на чудни екстензии или скокачки прозорци при плаќање и користете безбедносни алатки кои блокираат злонамерни скрипти.
