Внимание! Измамници под маска на Македонска Пошта крадат ваши податоци преку лажни СМС пораки!

Внимавајте! Во тек е нов фишинг напад кој се претставува како официјална комуникација од „Македонска Пошта“. Измамниците испраќаат лажни СМС пораки со линкови кои водат до фалсификувани веб-страници. Овие страници изгледаат сосема легитимно и ги повикуваат жртвите да внесат лични податоци, како и информации за платни картички.

Како да се заштитите?
Веб-страницата на измамниците е едноставна и без било какви механизми за валидација на внесените податоци. Страницата е регистрирана само пред неколку дена и е специјално создадена да филтрира IP адреси од Македонија, што значи дека е насочена исклучиво кон македонските корисници.

Не дозволувајте да станете жртва!
Ова е уште еден обид од страна на измамниците да извлечат ваши лични и финансиски податоци и да предизвикаат сериозни финансиски загуби.

Ако сте добиле сомнителен СМС, веднаш избришете го и не кликајте на линковите!

Останете внимателни и секогаш проверувајте извори пред да внесувате било какви лични податоци на интернет.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни