Внимание, Гренланд: Дали е подобро некој да ја купи и Македонија?

Најновата анкета на Внимание, ја започнуваме со две квиз прашања за Гренланд:
1) Што од следново е точно за Гренланд?
a) Има околу 55 илјади жители
б) Има околу 5 милиони жители
в) Повеќето живеат во снежни услови, без струја и интернет
2) Каква е ситуацијата со патиштата во Гренланд?
a) Има патишта во градовите, но нема патишта меѓу градовите
б) Има автопати како во Германија, ама заледени
в) Нема асфалт, сите се возат со санки цела година

На граѓаните им го поставивме и следново прашање: „Поради климатските промени Гренланд се топи, а Трамп сака да го купи. Дали е тоа добра инвестиција? Што мајка бара на Гренланд?“ Еве што ни кажаа: „Нафта, 100%“, „Ќе ја прави Белата куќа таму, во игло“, „Сметам дека не е во ред тоа што нуди пари, за да го купи“, „Што мајка бара таму, што има да се меша…“, „На Данска и порачувам да го брани подобро Гренланд отколку што синоќа бранеше против Португалија…“, „Па, мислам дека е добра инвестиција, ваљда ако го купи, нема да се топи снегот толку…“.

На крајот, ги прашавме граѓаните и „Што е подобро за Македонија? Да нѐ купи некој, како Трамп, или да си тераме по наше?“: „Па, да не купи некој како Трамп, да се воспостави некој ред…“, „Што и да направиме, сме се заебале“, „Тоа е она дилемата на ЛДП, за магарето и змијата…“, „Да си тераме по наше“, „Што има да не купи нас Трамп, има нешто што не е за купување. Ние сами треба да се снајдеме во нашата држава и ние сами треба да си ја чуваме државата“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни