Внимание, граѓаните се за борба против предрасудите

Во најновата анкета на „Внимание“ ги прашавме граѓаните кој треба да преземе одговорност кога преку социјалните мрежи се шират предрасуди или говор на омраза: „Сите се одговорни кои ги користат социјалните медиуми, бидејќи сите ние сме дел од тие предрасуди доколку ги гледаме и не реагираме“, „ние самите, самите треба да го поттикнеме тоа преку маркетинг кампањи итн., да ги поттикнеме оние кои што биле жртви на насилства на социјалните медиуми“, „најпрво треба да преземат одговорност социјалните медиуми…“, „најверојатно тој што го шири“, „мислам дека треба владата да преземе“, „претпоставувам дека би требало да биде МВР…“.

А еве што ни кажаа граѓаните дали можеме интернетот да го искористиме како платформа против предрасудите, и на кој начин: „Секако, со ширење на некои подобри работи, ширење на некои поубави нешта освен омраза и расизам…“, „Како што препознаваме предрасуда, да одиме против неа, да се избориме, да докажеме дека таа предрасуда не е во ред, и дека на некој може да му смета и лично да го навреди и повреди“.

Ги прашавме граѓаните и дали лично иницирале или поддржале некоја интернет иницијатива против предрасудите и во чија одбрана би застанале и на кој начин: „…би потпишала некоја петиција“, „треба малку повише љубов во светот“, „…невладините организации и медиумите треба да не описменат во тој дел“, „не сум покренал, но сум поддржал“, „сум објавил на стори, на инстаграм, на твитер“.


Најинтересни одговори добивме на прашањата „Дали сте биле лично погодени од некој негативен коментар на социјални мрежи? Како реагиравте?“: „Никако… најчесто коментарите омразени доаѓаат од луѓе кои не те познаваат“, „наједноставно ми е да ги игнорирам, пошто резултатот е секогаш многу потежок доколку немаш поддршка“, „првин си тажен, најнормално, па те фаќа нервоза, ама после некој период едноставно не ти е гајле“, „па не знам дали вреди за некој негативец да го воспитуваш со една реченица“…

Инспирирани од кампањата „Направи Место“ на Македонски Телеком, ги надминуваме предрасудите и ги рушиме бариерите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни