Внимание, доаѓа 1 септември: Ќе има ли бесплатни учебници, бесплатен јавен превоз и повисоки плати за наставниците?

Во новата сезона на „Внимание“ ги прашуваме граѓаните за почетокот на новата учебна година.

Граѓаните не веруваат дека ќе има бесплатни учебници за сите: „Како и секоја година, нема да има“, вели една граѓанка.

На прашањето, ќе има ли бесплатен јавен превоз за учениците како порано, еден студент вели: „Треба да има, треба да има и бесплатни оброци“. Еден скопски шегаџија поентира: „Очекуваме нови автобуси да стигнат, и плави ќе бидат отсега“.

Повеќето скопјани сметаат дека наставниците заслужуваат повисоки плати од септември: „Затоа што образованието е клучен дел во развојот на една нација. Треба да имаме образовани индивидуи за иднината“; „Сите наставници во цел свет би требало да зимаат поише“, велат учениците.

На прашањето „Зошто расте неписменостa на македонските ученици?“, граѓаните одговорија: „Поради нашиот образовен систем“; „Никој неќе да учи веќе“; „Децава само на телефони седат“, „Учат се и сешто наеднаш, и напротив, ништо уствари не ги учат децата“…

Анкетата „Внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните го предизвикува артистот Дениз Абдула, во продукција на „Трн.мк“.

Најново

Последни колумни