Внимание: Дали на Скопје му треба пристаниште за кајчиња?

Во најновата анкета на „Внимание“ ги прашавме граѓаните дали знаат кога запловија галиите во Вардар. Никој не беше сигурен, а најмногу граѓани ги поврзуваат галиите со проектот „Скопје 2014“. На прашањето „Чие ремек-дело се?“, еден граѓанин вели: „На тогашната влада“.

Ги прашавме и скопјани дали прават селфи со галиите како што прават туристите. Еве што ни кажаа: „Па, ако сакам да се исмејам со чистотата, да… има измет тука, на пример… изгледаат како потонат брод, веројатно тоа е симболот на градот“, „Многу личат фејк“, „Колку што знам, во корито на река не треба да се гради“, „Многу се запустени, не се одржуваат“.



На прашањето, дали треба да останат, или да се тргнат од коритото на Вардар, граѓаните велат: „Скроз да се тргнат“, „Да ги оставиме“, „Во оваа состојба, подобро да не останат, подобро да се дислоцираат“, „Прашањево ти е, ако идеш у WC дали треба да пуштиш вода – треба, треба да се дислоцираат одма“. На прашањето – каде би ги дислоцирале, граѓаните велат: „Отпад“, „Депонија, каде“, „Во Егејско, да пловат“.

Добивме интересни одговори и на прашањето: „Доколку ти би бил/а Вардароначалник, што прво би сменил/а на кејот на Вардар?“: „Некое пристаниште за кајчиња“, „би го осветлила подобро, би го проширила, би го очистила“, „Некои од мостовите стварно не се потребни, би ги срушил, и малку повеќе зеленило“, „прво ќе го исчистам и ќе ги тргнам галиите“, „би го искосил цел“, „да се исчисти Вардар прво, ко река, прљава е… една река и таа загадена, за срамота да е загадена, една е“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни