Внимание: Дали државата може да се справи со пожарите?

Внимание ги праша граѓаните: Зошто ни се случуваат пожарите – поради климатските промени, пироманите или можеби ние не знаеме како држава да се справиме со нив?

Еве што ни кажаа: „Со оглед на тоа што обични луѓе ги гасат пожарите, државата не знае како да се справи…“, „Секако има и пиромани што не можат добро да се исконтролираат…, ама не сме функционална држава… Во Дојран, Николиќ, си гореа пожарите, ни хеликоптери, ни ништо немаше“, „Проблемот со пожарите е прво што ние сме несовесни, друго, како држава не сме многу јаки ни да се справиме дури и со пожар“.

Еве што велат граѓаните на прашањето дали пренаменетите хермелини се добро решение за гаснење на шумски пожари: „Мислам дека најсоодветно решение би било ер-трактори, канадери, меѓутоа, далеку сме од тоа…“, „Тие не се наменети за гаснење пожари, не е добро решение…“. За тоа, кое би било ефикасно решение за справување со пожарите, граѓаните укажуваат: „Да инвестираме во подобра опрема…“, „Единствено хеликоптерите помагаат“, „Не се купија противпожарни возила, „Брза помош“ и слично… оваа држава на друго место фокусот го става, не на потребите на граѓаните“.

Граѓаните дадоа интересни одговори и зошто немаме доволно канадери, противпожарни возила, пожарникари, како во другите држави: „Па, зошто во оваа држава многу работи нема. Колкави се платите на тие луѓе, во какви услови работат, зошто некој би се пријавил да биде пожарникар…, бидејќи тоа се места каде што има висок ризик“, „би требало дури баш тие пожарникари да имаат екстра големи плати“, „Не знам, можеби не го сфаќаат сериозно овој проблем…“, „Немаме пилоти, тоа е трагично. Ние имаме двајца пилоти кои се во пензија, треба млади пилоти, канадери треба, ер-трактори, некој да ги обучува тие луѓе за да можат да работат. Со двајца пилоти пензионери, државата ни е запалена од сите страни…“.

Дел од граѓаните сметаат и дека требаше да се прогласи порано кризна состојба: „Требаше многу порано да се прогласи, мислам дека од старт на летото треба да бидат спремни се како што треба, не наши граѓани да треба да се борат, и да се мачат, и да завршуваат во болници“, „требало порано да се прогласи кризна состојба, со оглед на температурите кои што стварно беа доста високи“.

А еве што мислат граѓаните, дали владата презема соодветни мерки за спречување на шумски пожари: „Презема, ама не доволно, секогаш треба да се реагира пред време, боље да спречиш, него после да лечиш“, „Не мислам дека се ОК мерки“, „Треба многу брзо да се реагира… треба луѓе да волонтираат, треба службите од противпожарна, од „Македонски шуми“, од такви институции, сите да бидат ангажирани“, „Луѓе обични ги гасат пожарите…, значи минимални мерки преземаат, ама не колку што е потребно“, „Недоволен ангажман има од сите страни, и мислам дека е редно време сите да се разбудат од зимскиот сон, затоа што сепак е лето, а летото знаеме во Скопје какво е…“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни