Внимание! Да се воведе сексуално образование, децата треба да учат како да се заштитат од сексуални ризици што порано

Во четириесет и петтата епизода на Внимание, ги прашавме граѓаните: Треба ли да се воведе сексуално образование – како изборен или задолжителен предмет? Сите граѓани кажаа дека треба да се воведе сексуално образование, некои како задолжителен, некои како изборен предмет. „Помладата генерација треба од мали нозе да биде свесна за секакви последици“.

Со сексуално образование „децата на вистински начин ќе ги научат нештата“, велат граѓаните.

На прашањето „На колку години треба да се учи лекцијата како да се заштитиме од сексуално преносливи болести?“, граѓаните велат „што порано, тоа подобро“. „Уште од основно образование, осмо, деветто одделение“, „Некаде околу 12-13 години“, велат граѓаните.

На прашањето „Да си ти министер/ка за сексуално образование, што ќе направиш во првите 100 дена од твојот мандат?“, добивме повеќе оригинални одговори. „Во последните 33 дена би вовела сексуално воспитување на популацијата, но со мултидисциплинарен тим, прилагоден според возраста и категориите во процесот на едукација“, вели една граѓанка, инаку лекарка.

Најоригинални одговори добивме на прашањето, „Дали би забранил/а секс на Водно и Зајчев рид или би поставил/а автомати за презервативи?“. Некои граѓан(к)се за забрана, други за поставување автомати. „Како мислиш да се забрани секс? Па како ќе ги казнуваш луѓето? Сексот е нешто најубавото што му се случило на човештвото… Пуштете ги луѓето да се сакаат, ако е сексот од љубов“, поентира една граѓанка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни