ВНИМАНИЕ: Apple Vision Pro не се носи додека возите

Apple Vision Pro се појави на пазарот на 2 февруари, а оние кои сакаат да издвојат 3.500 долари станаа првите сопственици на новиот уред AR/VR.

Социјалните мрежи многу брзо се преплавија со видеа од граѓани кои шетаат по улица со Apple Vision Pro уред на главите – иако ги нема многу (граѓани), бидејќи цената не е мала, па затоа најчесто се неколку луѓе кои се снимени од други. Некои од нив се снимаат, а додека прават секакви работи – некои од нив не се особено паметни избори.

Некои нови сопственици на најновите Apple VR/AR слушалки решија да користат Vision Pro додека возат. Повеќето од оние чии видеа станаа вирални возат возила на Tesla, па повторно се отворија прашања за неодговорното користење на Tesla Autopilot. Веќе подолго време слушаме дека не треба да се користи Autopilot доколку возачот не внимава на патот, но се чини дека безбедноста во сообраќајот не им значи ништо на сопствениците на новата играчка на Apple.

Важно е да се истакне дека не се работи за еден возач – идејата стана привлечна за многумина. Особено за оние кои копнеат по внимание.

Извор: mashable.com

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни