Внимание: Ако облеката го прави човекот, зошто тогаш се раѓаме без облека?

Велат „Облеката го прави човекот“. Зошто тогаш се раѓаме без облека? – ги прашавме граѓаните во најновата анкета на „Внимание“. Еве што ни кажаа: „Тоа е многу добро прашање, се уште не ни е формиран нашиот карактер“, „Има изрека – руба краси, руба гнаси – меѓутоа, човекот како човек е од внатре човек, оделото може да покаже само статус во општеството“, „Облеката не го прави човекот, го грее човекот. А зошто се раѓаме голи, затоа и на оној свет одиме голи, природата така одредила“.

На прашањето „ ⁠Ако жена не се шминка и не се дотерува – дали е „запуштена“?“, повеќето граѓани одговорија со дефинитивно „не“: „Шминката е избор, ако некој сака да си се дотера ОК е тоа, но ако не сака да се нашминка и тоа е во ред, бидејќи такви сме си родени“, „Видете, тоа си е ствар на вкус“, „Секој си има свој идеал за тоа како си се чувствува најубаво, некои со шминка некои без“, „Никако, тоа е предрасуда, и тоа шовинистичка предрасуда, машка“, „Сами за себе сме секогаш на прво место“.

Прашавме и „⁠Дали е во ред да се исмева некој поради физички изгледа или сопствен стил?“ Еве што ни кажаа граѓаните: „Па, не е во ред, ама сигурно се дешава и сите го имаме направено тоа во некој период од животот“, „Никако, кој би се согласил со тоа да се исмева некој како е облечен. Зошто би се оптоварувале со тоа кој како е облечен“, „Не, апсолутно не е во ред да се исмејува некој според стилот, бидејќи сите сме, нели, различни“, „За жал, во Скопјево многу често се случува тоа, секој е посебен, секој е различен“, „Никако, човек се цени по некои други критериуми, а не по изгледот, по гардеробата, по шминката“.

И на прашањето „⁠Дали постои некој на кој треба да му се дозволи да утврдува што е исправно, а што не кога е во прашање изгледот?“, добивме неколку интересни одговори: „Нема „нај“, нема најубаво облечен човек… одбивам некого да прогласам за „нај““, „Кога се дебатира за нечиј вкус, дебатата никаде нема да води“, „Дефинитивно не, бидејќи ние немаме избор врз тоа како изгледаме, такви сме си какви што сме“, „Господ дал очи за гледање, уста за зборење – гледај, не коментирај!“

Инспирирани од кампањата #НаправиМесто на Македонски Телеком, ги надминуваме предрасудите и ги рушиме бариерите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни