„Состојбата на Боре Ѓорѓевиќ се влошува, тој прима кислород и не е можно да се направи ниту една операција“ открива Бане Обрадовиќ, менаџерот на групата „Рибља Чорба“ за српските медиуми.
Фронтментот на групата, Бре Ѓорѓевиќ пред три дена беше задржан во болница во Љубљана поради проблеми со плуќата.
„Бора е во болница, за 24 часа ќе знаеме се. Засега имаме само информација дека е во прашања силно воспаление на белите дробови“ изјави тогаш Обрадовиќ.
На официјалната страница на групата е издадено соопштение за состојбата, но и дека се откажуваат закажаните настапи на групата.
„Драги пријатели, поради нарушената здравствена состојба на Бора Ѓорѓевиќ, лекарите забранија тој да патува и да се изложува на напори поради силно воспаление на белите дробови како и влошување во неговата хронична болест на белите дробови. Се разбира, како и секогаш, ќе ја победиме болеста и штом Бора се опорави се гледаме на нови дружења“ соопштија од бендот.