Влезот во ЕУ ќе се промени: За граѓаните на Србија, БиХ, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија се воведува задолжителна пријава на патување

Новиот систем ќе важи за сите земји-членки на Европската унија (освен Ирска), како и за Шенген-државите што не се членки на ЕУ – Норвешка, Исланд, Швајцарија, Лихтенштајн – и за Кипар, кој во случајот на системот EES не е опфатен.

Европскиот систем за патни информации и авторизација (ETIAS) ќе започне со примена кон крајот на 2026 година, соопшти Европската туристичка асоцијација. Според најавите, ETIAS ќе стапи на сила по воведувањето на новиот систем за влез/излез при патувања во ЕУ и Шенген-зоната, кој ќе вклучува прибирање на лични податоци, фотографирање и земање отисоци на граничните премини.

Кој ќе биде опфатен?

Новиот систем ќе важи за сите земји-членки на Европската унија (освен Ирска), како и за Шенген-државите што не се членки на ЕУ – Норвешка, Исланд, Швајцарија, Лихтенштајн – и за Кипар, кој во случајот на системот EES не е опфатен.

ETIAS ќе се однесува на граѓани на земји кои не им е потребна виза за патување во ЕУ/Шенген, а најмногу ќе бидат засегнати граѓаните на Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, Косово, Украина, Молдавија и Грузија.

ETIAS ќе се применува за државјани на трети земји (надвор од ЕУ/ЕФТА) со ослободување од визен режим за Шенген.

Преоден и одложен период

Преодниот период ќе трае најмалку 6 месеци, во кој ETIAS дозвола нема да биде задолжителна, дури и за повеќекратни влезови. По преодниот, ќе следи период на одложување од најмалку уште 6 месеци, каде лицата кои првпат влегуваат во земја со ETIAS, нема да мора да имаат дозвола.

Детали за ETIAS-дозволата:

Цената е7 евра по лице (за лица на возраст од 18 до 70 години). Деца под 18 и лица над 70 години се ослободени од плаќање, но сепак мора да поднесат барање. Членови на семејства на државјани на ЕУ/ЕФТА се ослободени од плаќање. Валидност е 3 години или до истекот на пасошот (што прво ќе настапи). Во важечкиот период се дозволени повеќекратни влезови. Дозволата ќе биде поврзана со пасошот.

ETIAS не е потребен за патници кои се само во меѓународна транзитна зона.

Исклучоци:

ETIAS не е потребен за државјани на трети земји кои имаат престој во Шенген-зоната или Кипар. Исклучок не важи за лица кои живеат во Ирска, освен британски државјани кои таму престојуваат од пред 1 јануари 2021 година.

Како ќе се аплицира?

Една апликација по лице (не постои можност за групно аплицирање). Аплицирањето ќе биде преку ETIAS мобилна апликација или веб-страницата на Европската комисија. Одлуката за дозвола ќе се донесе во рок од 1 ден, но може да трае до 4 дена, а во некои случаи и до 30 дена.

Туроператори и трети лица можат да аплицираат во име на патник, со изјава за застапување. За деца, барањето го поднесува родител/старател.

Изјавата мора да биде потпишана и поднесена со барањето (прифатени јазици: англиски, француски, германски или службен јазик на земјата на патникот).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни