Влезниците за Оасис на црниот пазар веќе се над 10 илјади фунти

Помина претпродажбата на билетите за концетите на Оасис, а фановите кои не успеале да набават влезници за долгоочекуваните концерти во Велика Британија и Ирска сега се соочуваат со огромни цени на страниците за препродажба.
Фото: X

Бендот објави предупредување откако на неофицијалните страници се најдоа билети купени во предпродажба со цени од повеќе илјади фунти.

„Забележавме дека луѓето се обидуваат да ги препорададат влезници. Внимавајте дека влезниците може да се препродаваат официјално само преку Тикетмастер и Твикетс. Организаторите ќе ги поништат сите влезници со кои се кршат условите за користење“ велат од Оасис.

Билетите за концертот на Оасис на стадионот Вембли на страницата Виагого достигнаа цени до 5909 фунти, додека на страницата СтабХаб може да се најдат и за 10578 фунти.

Лиса Веб, експертка за заштита на правата на купувачите вела дека не препорачува набавка на влезници од неофицијални сајтови со напумпани цени.

„Не само што постои можност некои од нив да се измама, туку и важечките влезници може да се поништат и да станат неважечки доколку се продаваат надвор од официјалните платформи за предпродажба и над номиналната вредност“ додава таа.

Извор: Индекс.хр

Најново

Последни колумни