Од 10 април влез во ЕУ без печат ќе се користат отпечатоци и фотографии

Европската Унија воведува нов систем за контрола на граници кој ќе ги замени пасошките печати со дигитална регистрација на патниците.
Screenshot

Од 10 април Европската Унија ќе започне со примена на нов систем за контрола на влез и излез на патници, со кој повеќе нема да се ставаат печати во пасошите. Наместо тоа, податоците за патниците ќе се евидентираат дигитално, преку фотографија и отпечатоци од прсти.

Станува збор за систем кој ќе важи за државјани од земји кои не се членки на ЕУ, меѓу кои се и граѓаните од регионот. При секое влегување во Унијата, ќе се земаат биометриски податоци, што ќе овозможи попрецизна контрола на престојот и спречување на злоупотреби.

Со новиот систем ќе се бележи точниот датум на влез и излез, како и времетраењето на престојот, со што ќе се олесни следењето дали некој го надминал дозволениот престој во ЕУ. Оваа промена има за цел да ја зголеми безбедноста и ефикасноста на граничните контроли, но и да го модернизира целиот процес.

Иако системот треба да ја забрза контролата на границите на долг рок, во почетната фаза се очекуваат задржувања додека патниците и службите се прилагодуваат на новиот начин на регистрација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни