Влатко Стефановски ќе снима во „Abby Road“ во Лондон

Легендарниот македонски гитарист, Влатко Стефановски својот нов албум ќе го снима во светски познатото рок студио „Abbey Road“ во Лондон.

Стефановски, кој годинава прослави 50 години кариера, ќе снима во познатото сстудио основано во 1931 година, каде што своите песни ги снимаа и легендарните Битлси.

Својата кариера Влатко Стефановски ја почнал во групите ВИС „Јегуље“, „Ирис“ и „Брег“, а во 1976 година заедно со Бодан Арсовски, Кокан Димушевски и Димитар Чочоровски ја формираат групата „Леб и сол“ со која се прославува. Преку работата со Леб и Соло, Стефановски стана препознатлив по својата исклучителна гитарска техника и креативниот пристап кон музиката.

По распадот на групата „Леб и сол“, Стефановски се посветува на својата соло кариера и има неколку албуми во различни музички жанрови, покривајќи области како џез, блуз, етно-музика, но и дела на акустична гитара. Тој соработува со врвни музичари шурум светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни