Има 77 години, игра половина век, но не се откажува: „Оргомна е мотивацијата…“, е насловот на интервјуто на Влатко Стефановски за хрватски Јутарњи Лист по повод престојниот концер во салата Лисински во ЗАгреб.
На големиот концерт ќе настапи со гостите: Златан Стиписиќ Џибони, Мирослав Тадиќ, Јан Стефановски, Иван Кукиќ и Дамир Имерија. Годината во која Стефановски одбележува половина век на сцената дополнително ја збогати неговата лондонска авантура – распродадениот концерт во клубот Dingwalls и снимањето на новиот албум во легендарното студио Abbey Road. Во Abbey Road Studio Three, со Јан Стефановски на тапани и Тихомир Хојсак на контрабас, легендарниот музичар сними дури 22 песни, меѓу кои и култната When My Guitar Gently Weeps во чест на Битлси.
– Во иконите Abbey Road Studios ги посетивме сите ходници, ги видовме сите инструменти и „свети места“ каде што работеа Битлси. Во Abbey Road Studio Three пеев на микрофон на кој пееше Ејми Вајнхаус. Огромен мотив е да се пука на вакво место. Успеавме да снимиме дваесет и две песни за два дена, Јан на тапани, Хојсак на контрабас и јас на гитара. Звучниот мајстор беше Горан Мартинац. На крајот сè заврши еуфорично, па го прославивме трудот и енергијата што ги оставивме во студиото во мензата каде што седеа Битлси и многу други музичари – рече Стефановски за Јутарњи Лист.
Извор Jutarnji List