Од Авалон велат: „20 години подоцна, кругот повторно се затвора. Едно од нашите највредни албумски изданија е секако, албумот ,,Трета мајка”.
Оваа година, ,,Трета мајка” го објавивме на винил, а следниот чекор беше очекуван: многумина веќе ни пишаа и интересот за оваа најава постои уште пред нејзиното официјализирање денес.
Со голема доза на задоволство ви најавуваме дека Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ ќе го свират ,,Трета Мајка” и, се разбира, ,,Крушево” во живо во Скопје, на 1ви јуни во Македонска филхармонија, со почеток од 20:30 часот“.
Тоа ќе биде впрочем и нивен прв настап во Македонска филхармонија, додека во Скопје одамна немаат свирено заедно.
Влезниците се пуштени во продажба од 9ти април и онлајн на ticketx и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од:
1.500 денари и
1.990 денари