Водата која што беше користења за ладење на нукеарната централа во Фукушима, Јапонија започнува да ја враќа во океанот. Планот за враќање на водата во океанот беше изготвен пред две години, а минатиот месец беше и одобрен од нуклеарниот надзор на Обединетите нации.
Водата ќе се испушта во помали количини првично и со дополнителни проверки. Првото испуштање од вкупно 7.800 кубни метри – што е еквивалент на околу три олимписки базени со вода – ќе се одвива во текот на околу 17 дена. Таа вода содржи околу 63 бекерели тритиум на литар, што е под границата на Светската здравствена организација за вода за пиење од 10.000 бекерели на литар. Бекерелот е единица за радиоактивност.
Сепак, иако безбедноста на водата и нејзиниот ефект врз животната средина е тестиран од повеќе национлни и меѓународни институции, дел од активистите во Јапонија се спротивија на ваквата одлука. Граѓански групи започнаа протести во Јапонија и Јужна Кореја, иако владата на Јужна Кореја соопшти дека нејзината сопствена проценка не нашла проблеми со научните и техничките аспекти на испуштањето на водата.
Против одлуката за испуштање на водата е и Кина, која соопшти дека е загрижена поради ризикот од радиоактивна контаминација од храната увезена во Јапонија, поради што забрани увоз на риба.
Забелешките на противниците на нукеарната енергија
Дел од еколошките организации и активисти се против користењето на нуклеарна енергија за производство на струја поради ефектите кои таа може да ги има врз животната средина, но и поради останатите импликации кои ги создава во општеството.
Според Greenpeace, нуклеарната енергија не придонесува доволно во намалувањето на стакленичките гасови. Тие објавија дека доколку се дуплира електричната енергија произведена од нуклеарните централи до 2050 година, нивото на стакленички гасови ќе се намали само за четири отсто. Дополнително, за да се направи тоа во светот ќе треба да се отвораат по 37 нови, големи нуклеарни реактори годишно.
Во изминатата декада се отвораа во просек по 10 нуклеарни реактори годишно, поради што зголемување на таа бројка на 37 е речиси невозможна, а и ефектот што тоа ќе го има врз животната средина е минимален, во споредба со ефектот што го имаат чистите обновливи извори како солар и ветер.
Друга забелешка против нуклеарната енергија е што нуклеарните централи се опасни и ранливи. Активистите против нуклеарната енергија забележуваат дека тие се лесни мети за терористички напад, сајбер напад или останати воени удари. Освен напади од зли актери, нуклеарните централи се во опасност и од природни катастрофи, како што се покажа со несреќата во централата во Фукушима.
Greenpeace исто така забележува дека нуклеарната енергија е скапа. Цената за генерирање на мегават час електрична енергија од соларни извори е околу 40 долари, од ветер цената се движ и од 29 до 56 долари, додека цената за мегават час електрична енергија добиена од нуклеарна енергија е помеѓу 112 и 189 долари, според еколошката организација. Освен што е скапа, нуклеарната енергија е и бавна. Просечната изградба на еден реактор, е околу 10 години, што само ја одложува замената на горењето на фосилни горива и се продолжува загадувањето на животната средина.
Една од главните забелешки против нуклеарната енергија останува токсичниот радиоактивен отпад што таа го создава. Нуклеарниот отпад е радионактивен и останува таков неколку илјади години, а досега ниту една влада или организација нема најдено ефикасно решение за безбедно складирање на овој отпад. Дополнително, складирањето и чувањето на нуклеарниот отпад ги зголемува трошоците бидејќи, според Greenpeace, тоа чуни милијарди. Според агенцијата за енергија на САД, долгорочното чување на нуклеарен отпад може да достгне сума и од 100 милијарди годишно.
Што нуди нукеларната енергија за позелен свет?
Покрај критиките на одредени активисти, има голем број на истражувања кои ги истакнуваат позитивните ефекти од нуклеарната енергија. Според Институот за нуклеарна енергија (NEI), во 2020 година САД поради користењето на нуклеарна енергија во атмосферата испуштила 471 милиони тони помалку јаглерод диоксид. Тоа е еднакво на 100 милиони автомобили и е поголем чекор кон помалку загадување од сите останати зелени енергетски извори заедно.
Освен што помалку загадува, нукеарната енергија и зафаќа помалку простор. За да се произведе иста количина на електрична енергија на нуклеарните реактори им требаат 75 пати помалку просор отколку на ветерниците и фотоволтаичните централи. За да се произведе истата количина на енергија колку што произведуваат моменталните централи во САД потребни се дополнителни 3 милиони соларни панели.
Истражувањата покажуваат дека нуклеарниот отпад, за кој најмногу критикуваат активистите е всушност многу мал за да претставува сериозен проблем. Нуклеарното гориво е околу 1 милион пати погусто од останатите енергетски извори. Целото искористено нуклеарно гориво од нуклеарните централи во САД во изминатите 60 години може да го собере на едно фудбалско игралиште, на длабочина помала од 10 метри. Освен тоа, отпадот може да се репроцесира и рециклира, иако тоа во моментов многу малку влади го прават. Новите модели на нуклеарни реактори може да користат и веќе искористено нуклеарно гориво.
Ако нуклеарната енергија е безбедна, зошто толку многу луѓе се против?
Една од главните причини зошто многумина се исплашени од нуклеарната енергија е нејзината историска асоцијација со нуклеарните бомби, но и нуклеарните несреќи како тие во Чернобил и Фукушима.
Сепак, токму овие несреќи ја потврдуваа нејзината релативна безбедност, а не опасност. Во несреќата во Фукушима, како и во таа во Три Мајл Ијланд во САД немаше ниту еден смртен случај, а во Чернобил загинаа помалку од 50 лица во триесетте години по несреќата. Главна причина зошто нуклеарните несреќи се гледаат како катастрофални е поради одговорот на владите на нив. Наместо да ги смират граѓаните, тие се зафаќаат со акции за евакуација создавајќи паника и кај тие кои не се во директна опасност.
Според научниците по несреќата во Чернобил биле евакурани пет до 10 пати повеќе луѓе од тоа што било потребно, додека за несреќата во Фукушима во 2011 година научниците велат дека немало потреба воопшто никој да биде евакуиран поради опасност од радијација.
Како што пишува Forbes, реакцијата на несреќите, а не самите несреќи се тоа што резултира со внесување на страв од нуклеарната енергија кај луѓето.