Со оваа измена, сите нарачки кои беа ослободени од ДДВ (од шрафови до облека) и чие вкупно вредност беше до 22 евра, ќе поскапат за 18 проценти, колку што изнесува актуелната стапка на ДДВ. Предлог-законот предвидува ослободување од ДДВ само за мали пратки со некомерцијална вредност, испратени од физичко лице на физичко лице, кои не надминуваат вредност од 22 евра. Ослободувањето од ДДВ, меѓутоа, нема да се применува за алкохол, парфеми, тутун и слични производи.
Измената на Законот за ДДВ е мотивирана од растечката популарност на меѓународните платформи за онлајн купување, како што е кинеската платформа Тему, на која македонските граѓани во јуни 2025 година нарачале дури 250 тони стока. Според податоците на Царинската управа, 95 илјади килограми од овие пратки имале третман на мали пратки, за кои не биле наплатени давачки, додека останатите 150 илјади килограми биле обврзани со давачки во износ од 41,7 милиони денари.
С о предложената измени, Владата има за цел да го усогласи домашното законодавство со меѓународните практики и да се осигура дека сите производи кои се увезуваат во Македонија ќе бидат оптоварени со соодветни даночни обврски.