По реакцијата на Градежниот Факултет во Белград:

Владата на Србија донесе одлука: Ќе биде објавена целокупната документација во врска со падот на надстрешницата во Нови Сад!

Премиерот Милош Вучевиќ изјави дека Владата на Србија нема што да крие и дека целата документација ќе биде објавена.

Владата на Србија ќе ја објави документацијата за падот на надстрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Премиерот Милош Вучевиќ изјави дека Владата на Србија нема што да крие и дека целата документација ќе биде објавена. Вучевиќ нагласи дека Јавниот обвинител имал пристап до целокупната документација, инаку обвинителниот акт не би бил поднесен во рекорден рок.

И претседателот на Србија, Александар Вучиќ, побара вчера да се исполнат сите барања во врска со документацијата за надстрешницата што ги изнесе Градежниот факултет.

„Објавете ги сите документи кои ги наведе Градежниот факултет дека недостасуваат, а се поврзани со Железничката станица во Нови Сад“ побара Вичиќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни