Владата на САД склучи договор за изградба на нови нуклеарни електрани вредни 80 милијарди долари

САД започнаа проект од 80 милијарди долари за изградба на нови нуклеарни електрани во партнерство со три компании. Проектот е дел од енергетската стратегија на Доналд Трамп.

Владата на Соединетите Американски Држави денеска склучи партнерство со три компании со цел изградба на големи нуклеарни електрани во вредност од најмалку 80 милијарди долари, јавува Reuters.

Ова е еден од најамбициозните енергетски проекти во последните неколку децении во САД и дел од стратегијата на претседателот Доналд Трамп за максимизирање на домашното производство на енергија, со посебен акцент на нафтата, гасот, јагленот и нуклеарната енергија.

Проектот се реализира во момент кога наглиот раст на центрите за вештачка интелигенција (AI) значително ја зголемува побарувачката за електрична енергија низ земјата — првпат по повеќе од дваесет години, што веќе создава притисок врз поединечни делови од американската електромрежа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни