Владата на Црна Гора ги намали акцизите на горивата

На тој начин, власта уверува дека цената на горивата наместо за 22 евроценти за бензин и 33 евроценти за дизел ќе се зголеми само симболично за четири до шест евроценти

Владата на Црна Гора донесе одлуката привремено да ги намали акцизите на евродизелот за 50 проценти, а на двата вида бензин за 25 проценти.

Намалениот износ на акцизата ќе стапи на сила од понеделник на полноќ, кога треба да се изврши следното редовно прилагодување.

На тој начин, власта уверува дека цената на горивата наместо за 22 евроценти за бензин и 33 евроценти за дизел ќе се зголеми само симболично за четири до шест евроценти.

Сепак, нафтените компании се задоволни што владата прифати дел од нивните мерки што ги предложија пред две недели, за намалување на акцизите и промена на регулативата за усогласување на секои седум дена, наместо на секои 14 како порано. Преминувањето на неделни пресметки значи дека домашните малопродажни цени побрзо ќе се усогласат со цените на берзата, така што ново зголемување ќе биде можно од 30 март.

Според вчерашните податоци од берзата, цената на дизелот во понеделник требаше да се зголеми за 33 центи, или од 1,50 на 1,83 евра, а на Евросупер 98 од 1,50 на 1,72 и на Евросупер 95 од 1,47 на 1,69 евра, објавија црногорските медиуми.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни