Владата на Чешка ќе поднесе оставка

Претседателот на Чешка, Петр Павел ќе му додели на Фијала мандат да ја води земјата сè додека не се именува нова коалициска влада
epa09305215 The Czech national flag flutters on the Parliament building in Budapest, Hungary, 27 June 2021, before the UEFA EURO 2020 round of 16 soccer match between the Netherlands and the Czech Republic. EPA-EFE/Balazs Mohai HUNGARY OUT

 Владата на коалицијата на десниот центар на премиерот Петр Фијала денеска ќе поднесе оставка, по поразот на парламентарните избори на 3 и 4 октомври.

Претседателот на Чешка, Петр Павел ќе му додели на Фијала мандат да ја води земјата сè додека не се именува нова коалициска влада, најверојатно составена од популистичка партија Акција на незадоволни граѓани (АНО) на поранешниот премиер Андреј Бабиш, радикалните националисти Слобода и директна демократија (СПД) и маргиналната евроскептична конзервативна партија Мотористи.

Согласно чешките закон, ако Бабиш сака да биде премиер ќе мора да ја продаде својата компанија Агроферт и да нема никакво влијание врз нејзината работа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни