Влада Дивљан добива скулптура во Загреб!

Во чест на еден од најзначајните музички автори и гласови на југословенската рок-сцена, Влада Дивљан ќе добие скулптура во главниот град на Хрватска. Овој уметнички омаж е дело на Борис Лаинер – поранешен член и тапанар на култниот бенд Азра, и долгогодишен соработник и пријател на Дивљан.

Свеченото поставување и откривање на скулптурата ќе се одржи на 16 мај, во Рокенрол тематскиот парк.

Скулптурата на Дивљан ќе биде сместена меѓу бистите на некои од најголемите имиња од домашната и светската музичка сцена – меѓу кои се Бранимир Штулиќ, Дино Дворник, Рамоунс, Џек Вајт, Дејвид Боуви, Пети Смит и други.

Влада Дивљан (1958–2015) остави длабока трага како фронтмен на легендарниот белградски бенд Идоли, но и како самостоен автор, композитор и истражувач на нови музички хоризонти. Неговата уметност ја обединуваше нежноста и интелектуалната префинетост со бунтовниот дух на новиот бран. Со песни како Retko te viđam sa devojkama, Maljčiki, Odbrana i poslednji dani и многу други, Дивљан остави неизбришлив белег врз неколку генерации слушатели, а неговото влијание и денес е присутно низ целиот регион.

Поставувањето на оваа скулптура претставува симболично враќање на Дивљан меѓу своите – меѓу уметниците што ја менувале и обликувале музичката историја, но и меѓу луѓето кои никогаш не го заборавија.

Превземено од Јане Алтипармаков

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни