22 македонски државјани побарале помош за напуштање на Израел

Станува збор за државјани на Северна Македонија, како и членови на нивните потесни семејства, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Согласно најновите информации, до овој момент вкупно 22 лица побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во Северна Македонија.

Станува збор за државјани на Северна Македонија, како и членови на нивните потесни семејства, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

МНР информира дека во тек се активности за нивна брза евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата.

„Напоменуваме дека дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив е во постојана комуникација со нашите државјани, а Министерството за надворешни работи и надворешна трговија активно работи на обезбедување на сите неопходни услови за нивно безбедно враќање“ велат оттаму.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни