Милиони луѓе добија итно предупредување на своите телефони вчера, додека Велика Британија се подготвува за невремето Еоин.
Во најголемото предупредување досега, околу 4,5 милиони луѓе ќе чујат сирена од нивните телефони во 18 часот по локално време, со вибрација која ќе трае до 10 секунди, за да се достави порака за предупредување. Пораката ќе биде испратена до луѓето во делови од Шкотска и Северна Ирска, каде што Метео Канцеларијата издала наредба за редок „црвен аларм”.
Системот за предупредување „Армагедон аларм”, првпат беше покренат во 2023 година и се користи во вонредни ситуации, како што беше олујата Дара, кога над 3 милиони луѓе беа предупредени да останат затворени поради ветрови со брзина од 145 км/ч.
Метеоролозите предупредуваат дека ветровите би можеле да достигнат брзина од 160 км/ч, . Луѓето исто така се предупредени на ризикот од големи бранови во прибрежните области, опасни услови за возење поради паднати дрвја, како и потенцијални прекини во снабдувањето со електрична енергија и оштетувања на згради.
Метео Канцеларијата предупреди ги граѓаните во загрозените области да избегнуваат патувања и да “останаат дома ако е можно”.
Канцеларијата на кабинетот соопшти дека: “Метео Канцеларијата издала црвен аларм за ветер, што значи дека постои опасност по живот во Северна Ирска и делови од Шкотска.”
“Со оглед на влошувањето на временските услови, Канцеларијата на кабинетот испрати итно предупредување до луѓето во Северна Ирска и делови од Шкотска. Системот испрати порака на секој компатибилен мобилен телефон во најзагрозените области, со информации за временските упозорувања и упатства како да останете безбедни. Мобилните телефони ќе емитуваат гласен звук сличен на сирена дури и ако се подесени на тивок режим. Звукот и вибрацијата ќе траат околу 10 секунди. Околу 4,5 милиони луѓе ќе добијат ова итно предушпредување, што претставува најголема употреба на овој систем досега.”
Владата на Велика Британија има развиени планови за справување со тешки зимски временски услови и соработува со тимови од регионалните влади, локалните власти, итни служби и други јавни тела за да го координира одговорот на евентуални нарушувања.
Училишта во Шкотска се советувани да се затворат во петок заради безбедноста на децата и персоналот.