Визер стартува со директни летови од Скопје до Прага

Од денеска патниците од Северна Македонија ќе можат директно да патуваат до Прага, со воведувањето на новата авиолинија Скопје–Прага на нискобуџетната авиокомпанија „Визер“.

Првиот лет официјално ќе биде одбележан на Меѓународниот аеродром Скопје, со што оваа дестинација станува дел од редовната понуда на скопскиот аеродром.

Новата линија беше најавена уште во јули, кога вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информираше дека е потпишан договор за воведување пет нови авиодестинации. Во рамки на договорот, од ноември се реализираат летовите Скопје–Стокхолм и Скопје–Мадрид, додека од декември започнаа или започнуваат линиите кон Бари, Келн и Прага.

На денешната промоција на првиот лет се очекува присуство на генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт, амбасадорот на Чешка во земјава, Јарослав Лудва, раководителот за комуникации во „Визер“, Андраш Радо, како и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни