Првиот лет полета денеска во 06:25 часот од Меѓународниот аеродром „Скопје“.
Во летниот распоред до 24 октомври, летовите од Скопје до Штутгарт се во понеделник и петок во 06:25, а во среда во 06:30 часот, со пристигнување околу 11:10 по локално време. За време на зимскиот распоред, полетувањата ќе бидат секогаш во 06:30 часот, а слетувањето во 11:30.
Со оваа линија, „Визер“ ќе нуди девет директни рути од Скопје до Германија: Штутгарт, Берлин, Дортмунд, Баден-Баден, Фридрихсхафен, Хамбург, Франкфурт-Хан, Минхен-Меминген и Нирнберг.
Дополнително, од ноември и декември се планирани нови дестинации до Стокхолм, Мадрид, Келн, Бари, Прага и Ларнака.
Следната година, од 30 март, се најавуваат летови од Скопје до Неапол и Будимпешта, секој понеделник, среда и петок. Од 28 јуни, од Охрид патниците ќе можат да летаат директно до Катовице, Вроцлав и Милано, со два летови неделно за секоја дестинација.
Извор: 360stepeni