Виз ер од 2026 година воведува нови линии од Скопје и Охрид, а повторно ќе лета кон Будимпешта и Катовице

Дополнително, компанијата ќе го базира својот шести авион на Меѓународниот Аеродром Скопје, што претставува значаен чекор во проширувањето на своето присуство на македонскиот авијациски пазар.

Од март 2026 година, Скопје ќе понуди директни летови кон Неапол, Италија, како и повторно кон Будимпешта, Унгарија. Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид ќе овозможи летови до Милано Малпенза и Вроцлав, како и повторно кон Катовице.

Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија, нагласи дека проширувањето на мрежата на авиолинии ја зајакнува улогата на македонските аеродроми како важни врати кон Европа. „Новите линии ќе им овозможат на граѓаните повеќе опции за патување и ќе ја зголемат конкурентноста на двата аеродроми во регионот“, изјави Курт.

Летовите од Скопје до Неапол и Будимпешта ќе се реализираат трипати неделно – понеделник, среда и петок, со почеток на 30 март 2026 година. Од Охрид, линиите кон Милано ќе стартуваат на 30 март, кон Вроцлав на 7 јуни и кон Катовице на 8 јуни 2026, со два летови неделно кон секоја дестинација.

Со овие нови и повторно воведени линии, патниците од Македонија ќе можат да истражат културната и историската разновидност на Европа – од гастрономскиот Неапол и модниот Милано, до динамичните полски градови Вроцлав и Катовице и историската Будимпешта.

Извор: Бизнис вести

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни