Резултатите од студијата се објавени во Меѓународниот журнал за бихевиорална исхрана и физичка активност (IJBNPA), а се засноваат на податоци од повеќе од 7.000 возрасни волонтери на возраст од 40 до 65 години.
Уште во 2018 година, учесниците дале детални информации за својата исхрана, начин на живот, време на оброци и физичка состојба. По пет години, над 3.000 од нив повторно биле прегледани, а нивните здравствени податоци биле ажурирани.
Истражувањето покажало дека луѓето кои денот го започнувале со ранен појадок и оставаале поголем временски распон меѓу вечерата и спиењето, имале понизок индекс на телесна маса (BMI).
„Тоа најверојатно се должи на фактот што ранoто внесување храна е повеќе во склад со циркадијалните ритми на телото. Ова овозможува поефикасно согорување калории и подобра контрола на апетитот, што може да помогне во одржување на оптимална телесна тежина. Сепак, сѐ уште е рано за дефинитивни заклучоци, па јасни препораки ќе можат да се дадат дури кога ќе има поцврсти докази,“ изјави Лусијана Понс-Муко, една од авторките на студијата.