Целата седмица што ни претстои во Македонија ќе ја одбележат температури значително над просекот за овој период од годината. Ќе бидеме под влијание на стабилна, сува и значително потопла воздушна маса од југ, што ќе донесе повеќе сончеви периоди, суво време и натпросечно високи температури.
Особено во Повардарието и во југоисточните предели, температурите во текот на неделата ќе се искачат и до близу 20 степени, што значи дека ќе имаме вистински пролетни вредности.
Натпросечно топло време се очекува и во најголем дел од Европскиот континент, како и на Балканот, и тоа по долг период на врнежливо и нестабилно време.