Високите температури и високата влажност влијаат на срцето: Доколку ги почувствувате овие симптоми, веднаш консултирајте се со лекар

Високата температура и високата влажност влијаат на зголемениот проток на крв во кожата, што го принудува срцето да работи посилно и побрзо.

Влажноста на воздухот над 70% и температурата на воздухот над 30 степени, присуството на смог, особено во урбаните средини, го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни компликации кај пациенти со висок крвен притисок.

Што се случува во лето кога влажноста на воздухот е зголемена?

Зголемената влажност на воздухот влијае на способноста на телото да се поти и на тој начин да се разлади. Високата температура и високата влажност влијаат на зголемениот проток на крв во кожата, што го принудува срцето да работи посилно и побрзо.

Што се случува во телото кога температурата е висока во текот на летото?

Во текот на топлите денови, циркулацијата на крвта може да биде двојно побрза отколку во текот на постудените денови. Поради губењето на течности во телото, може да се намали и количината на крв, постои нерамнотежа во односот помеѓу волуменот на телесни течности и концентрацијата на електролити во нив, а може да дојде и до акумулација на кисели продукти од метаболизмот во мускулите.

2 начини да се разладите за време на тропските температури

Веднаш контактирајте го вашиот лекар ако забележите:
-главоболка – најчесто се јавува кај луѓе од дваесет до четириесет години,
-замор – може да се одрази како неподготвеност, недостаток на енергија, -исцрпеност,
-мускулни грчеви – болни контракции што го стегаат мускулот,
-прекумерно потење или ако не можете да се потите,
-ладна и леплива кожа,
-отечени глуждови и стапала,
-темна урина,
-гадење – чувство на непријатност придружено со белење, зголемена саливација, забавен срцев ритам и намален крвен притисок.
-вртоглавица – нарушување на рамнотежата,
-забрзан пулс – чувство на непријатност, нелагодност, силен срцев ритам и неправилен ритам.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни