Виски поскапо од милион евра, шишето повисоко од возрасен човек

Виетнамски колекционер стана сопственик на најголемото шише виски во светот. Виетнамецот Нгујен Дин Туан на аукција купил шише од 311 литри полно со 32-годишно макалан виски за 1,1 милиони фунти.

Досега шишето било во сопственост на виетнамски бизнисмен, кој веќе поседува колекција на жестоки пијалаци вредна повеќе од 150 милиони фунти. Новиот сопственик Виет го купил шишето на аукција во Единбург, а сега добил сертификат од Гинисовата книга на рекорди, кој потврдува дека е најголемо во светот. Достигнува висина од 180 сантиметри.

Вијет е долгогодишен колекционер на ретки жестоки пијалаци и поседува едни од најретките и најстарите шишиња коњак и виски во светот.

„Слободното време го поминувам собирајќи шишиња со квалитетен пијалак, а тоа трае со децении. Ова најновото ме привлече затоа што е најголемото шише во светот“, рече тој.

Даниел Монк, трговец на големо на пијалоци, а и организатор на аукцијата рече дека ова шише виски го добило името „Бестрашниот“ во чест на достигнувањата на 11 пионери британски истражувачи, чии слики се прикажани на етикетата на шишето.

„Ова е проект за славење на животот на мојот покоен татко, капетанот Стенли Монк, кој и самиот беше истражувач и постигна многу неверојатни работи во својот живот“, рече Монк.

Извор: rtcg.me

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни