Виралната фотографија од домашен компјутер што предизвика носталгија кај многумина

Вирална фотографија од класично уредување во домот од раните 2000-ти, на која во прв план е домашниот компјутер ,предизвика бран на носталгија кај милениумците.

Фотографијата ја прикажува типичната компјутерска станица комплетирана со огромен монитор, гломазен хард диск, печатач, звучници со мали копчиња што се вртат, држач за CD полн со компјутерски дискови, зип-дискови и флопи дискови.

Некои од овие зборови нема да значат ништо за помладите читатели, но овие предмети некогаш беа сеприсутни низ домовите во светот. Тинејџерите мораа да се најават за да разговараат со своите пријатели на MSN Messenger додека родителите тогаш го открија светот на обработка на текст.

Сликата од компјутерската станица наиде на големо внимание бидејќи доби 17,4 милиони прегледи и стотици коментари на платформата ,,X’’ објавена со натпис: ,,Имаше време кога го почитувавме компјутерот“.

Тешко е да се сфати сега, но во раните 2000-ти, интернетот беше ограничен на еден простор наместо да биде сеприсутен како што е сега.

Еден корисник на ,,X’’ ги изрази чувствата и убавите спомени што многумина ги споделуваат: „Извинете што бев обземена од носталгија, но некако беше убаво кога интернетот беше единствено, осамено, неподвижно место наместо терор што се протега насекаде. Одевме конкретно на ова место за да имаме пристап до интернет. Кога го напуштавте местото, го напуштaвте и интернетот“.

Извор: Photo of Classic Computer Setup Taken When the Internet Was Still a ‘Place’ Sparks Nostalgia | PetaPixel

Најново

Последни колумни