Виолината на Стив Наумов во битолскиот музеј

Денеска, виолината на народниот херој Стеван Наумов- Стив, на која тој свирел во своето слободно време, отстапена е на НУ Завод и музеј- Битола.

Стефан Бошков, внук на Стив, лично му ја предаде виолината на директорот на битолскиот Музеј, Зоран Николовски, кој пак вети дека виолината ќе биде заштитена и јавно изложена во обновената Спомен куќа на херојот.

На својот фејсбук профил, од Националната установа соопштија:

„На наше огромно задоволство, утрово во просториите на НУ Завод и музеј- Битола,внукот на Стив Наумов , Стефан Бошков, времено ја отстапи виолината на која свирел нашиот херој.Директорот Зоран Николовски најави дека наскоро оваа виолина за првпат ќе биде изложена и достапна за посетителите во обновената Спомен куќа на Стив Наумов.Повеќе информации за свеченото отварање ќе следуваат наскоро.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни