Оваа виолина, која се смета за првата виолина на Ајнштајн, била произведена во 1894 година од мајсторот Кунтерер, а се очекувало да достигне цена од околу 300.000 фунти при продажбата во Велика Британија.
Дополнително, философската книга која Ајнштајн му ја подарил на својот пријател, беше продадена за 2.200 фунти.
Цените на аукцијата вклучуваат и провизија од 26,4%, што значи дека конечната цена на виолината ќе надмине еден милион фунти.
Аукциската куќа “Доминик Винтер” верува дека оваа продажба би можела да стане највисока за виолина која не била во сопственост на концертен виолинист или направена од страна на Страдивариус. Претходниот рекорд го држеше инструмент кој, се верува, бил користен на бродот “Титаник”.
Крис Албери, специјалист за историски сувенири, ја опиша аукцијата, која заврши за само 10 минути, како „посебен момент“.
„Имавме три телефонски понудувачи кои беа вклучени до самиот крај“, изјави Албери за BBC.
Тој додаде дека многумина не биле свесни дека Ајнштајн свирел виолина.
„Ајнштајн секогаш велел дека ако не беше научник, би сакал да биде музичар. Тој почнал да учи виолина на четири години и свирел секој ден во текот на својот живот“, истакна Албери.
Извор: N1info.rs