Виолината е направена од славниот Антонио Страдивари во 1714 година. Ќе излезе на аукција во петок, во аукциската куќа Сотби во Њујорк.
Ако се продаде за највисоката сума, ќе биде надмината сумата од 15,9 милиони долари кои се дадени во 2011 година за друг Страдивариус, „Lady Blunt“, направен во 1721 година и именуван од Гинисовата книга на рекорди како најскапиот инструмент некогаш продаден на аукција.
Мари-Клаудија Хименез, претседател на Sotheby’s Americas, рече дека Страдивари ја направил виолината за време на неговиот „Златен период“, кој започнал околу 1700 година и бил обележан со подобрување на неговата изработка.
„Значи, ова е врвот на неговиот резултат“, рече Хименез. „Ова е најдобрата виолина во оваа ера“. Од Сотби велат дека зачувувањето на виолината е извонредно, исто како што е и нејзината историја на сопственост. Именувана е по двајца нејзини познати сопственици – виртуозите на виолина Џозеф Јоаким од Унгарија, кој живеел од 1831 до 1907 година и Си-Хон Ма, кој е роден во Кина во 1926 година, се преселил во САД во 1948 година и починал во 2009 година.
Според Sotheby’s, се верува дека легендарниот композитор Јоханес Брамс бил под влијание на Јоаким-Ма кога го напишал својот „Концерт за виолина во Д-мажор“ поради неговиот богат, звучен тон и дека Јоаким свирел на таа виолина за време на премиерата на концертот во 1879 година. Ма ја купи виолината во 1969 година, а по неговата смрт била подарена на Конзерваториумот Њу Ингланд во Бостон. Инаку, Ма присуствувал на конзерваториумот, каде што и магистрирал во 1950 година.
Конзерваториумот сега ја става виолината на аукција, а целиот приход ќе биде наменет за студентски стипендии.