Винарите тешко ги прифаќаат царините на Трамп

Бургундија, еден од најпознатите и најценети вински региони во Франција, е под зголемен притисок од американската царинска политика.
Holding red wine glass image, public domain drink CC0 photo. More: View public domain image source here

Соединетите Американски Држави се најголем извозен пазар за вината од овој регион, но најновите царински мерки на Доналд Трамп ја доведуваат таа трговија во прашање.

Во лозјата на селото Море-Сен-Дени, вработената Елоди Бонет работи внимателно на кастрење на лозите. Сопственичката на винарницата, Сесил Тремблеј, која извезува над половина од своето вино, вклучително и околу 10% во САД, вели дека новите царини се загрижувачки – но како и многу други француски винари, не сака јавно да зборува многу за тоа, стравувајќи дека ќе ја влоши ситуацијата.

Според Франсоа Лабе, претседател на Одборот за вино на Бургундија, САД сочинуваат околу една четвртина од вкупниот извоз на вино од регионот. Само во 2024 година, извозот во САД достигнал 20,9 милиони шишиња, вредни 370 милиони евра – зголемување од над 26% споредено со претходната година.

Но, со новите царини од 10%, и заканата тие да достигнат 20% или дури 50%, иднината изгледа несигурна. Веќе еднаш, во 2019 година, царина од 25% драматично ја намали продажбата на вино во САД за околу 50%. Ако царините повторно се зголемат, Лабе стравува од „речиси целосен застој“ на пазарот.

Бургундското вино, особено црвеното од сорта пино ноар, е високо ценето во Америка, а белите вина и пенливите варијанти (како Шабли и Креман де Бургуњ) стануваат сè попопуларни. Во контекст на променливи вински вкусови и климатски услови, овие полесни вина добиваат на значење.

Но, сè зависи од тоа каква ќе биде идната трговска политика на САД. Ако царините продолжат да растат, Бургундија и нејзините 3.500 винари ќе се соочат со сериозен предизвик да ги задржат своите позиции на американскиот пазар.

Како што стојат работите, европските производители и американските увозници се обидуваат заедно да го поднесат товарот, но ако Трамп ги реализира своите најави – винската индустрија би можела повторно да се најде во „буре без дно“.

Извор: BBC

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни