„Викиекспедиции“ во Музеј на современа уметност

Проектот е започнат во 2015 година со идеја за документирање на македонските села и нивно промовирање преку најголемата слободна енциклопедија Википедија.

Денес во 18.00 часот во Музејот на современа уметност во Скопје ќе биде отворена изложбата „Викиекспедиции“. По официјалното отворање ќе има и краток осврт од членовите вклучени во овие експедиции, кои низ десетте години беа различни.

„Дојдете да ги видите дел од убавините на македонските села и природа погледната преку окото на тимот од проектот „Викиекспедиции“. Проектот е започнат во 2015 година со идеја за документирање на македонските села и нивно промовирање преку најголемата слободна енциклопедија Википедија. Огромно ќе биде задоволството да одвоите дел од Вашето време и да ја посетите нашата изложба, на која ќе може да видите фотографии од нашите понекогаш целосно заборавени села. Поканата е отворена за секого што сака да нурне во убавините на нашата Македонија“ орачуваат организаторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни