Викиекспедиции „Во допир со Македонија“ во Музеј на современа уметност во Скопје

Проектот е започнат во 2015 година со идеја за документирање на македонските села и нивно промовирање преку најголемата слободна енциклопедија Википедија

Во сабота на 26 април во 18:00 часот во Музејот на современа уметност во Скопје, ќе биде официјално отворена изложбата на Викиекспедиции „Во допир со Македонија„ каде краток осврт ќе имаат членовите вклучени во овие експедиции, кои низ десетте години беа различни.

„Дојдете да ги видите дел од убавините на македонските села и природа погледната преку окото на тимот од проектот „Викиекспедиции“. Проектот е започнат во 2015 година со идеја за документирање на македонските села и нивно промовирање преку најголемата слободна енциклопедија Википедија„ велат организаторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни