Викендов во Солун Меѓународен натпревар во брзо местење на Рубикова коцка со учество на нашата земја

Над 70 учесници од шест земји меѓу кои и Македонија ќе учествуваат на првиот Меѓународен натпревар speedcubing, односно брзо местење на Рубикова коцка што следниов викендов ќе се одржи во Солун.

Домаќин и поддржувач на натпреварот е општина Солун, а зад целата идеја и реализација стојат тројца ученици од грчко средно училиште.

Од општина Солун соопштија дека во саботи и недела градот ќе биде „епицентар на интелектуален спорт, домаќин на „Thessaloniki Open 2025“ – Меѓународниот натпревар во брзо местење на Рубикова коцка“ и посочија дека над 70 учесници од Грција, Кипар, Англија, Албанија, Бугарија и Северна Македонија ќе се натпреваруваат во 14 различни категории.

-Зад реализацијата на настанот стојат средношколците Николас Баксеванис, Панајотис Христопулос и Николаос Куцивос. Тројцата ја презедоа целата организација на натпреварот, докажувајќи дека младешката креативност и љубовта кон интелектуалните спортови можат да доведат до реализација на проект од меѓународен размер, соопштија од општина Солун.

Влезот за јавноста ќе биде бесплатен, натпреварите се закажани за сабота од 10 до 20 часот и в недела од 10 до 18:30, кога ќе бидат доделени и наградите за победниците. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни