Викендов Скопско ја слави стотката во Охрид

Охрид ќе биде центарот на забавата овој викенд, со големото славење на 100-годишнината на СКОПСКО! На 9 и 10 август, Градскиот плоштад во Охрид ќе се трансформира во сцена за незаборавна прослава, полна со музика, забава и носталгија.

Во петок, 9 август, вечерта започнува со енергичните сетови на DJ Face, кој ќе го загрее плоштадот со своите вибрации, по што следува настапот на омилениот македонски пејач Ѓоко Танески, кој ќе ја разбуди публиката со својот препознатлив глас и хитовите што ги сакаме. Ова е само почетокот на викенд исполнет со одлична музика и добра атмосфера.

Следниот ден, во сабота, 10 август, сцената ќе ја преземе култниот македонски бенд Фолтин, познат по својот уникатен музички стил и енергични настапи. Публиката ќе има можност да ужива и во настапот на Дани Димитровска, чиј софистициран вокал и шарм секогаш остават силен впечаток. Забавата ќе продолжи со DJ Gec, кој ќе се погрижи да ја задржи енергијата на врвот до доцна во ноќта.

Освен музичките настапи, посетителите ќе имаат можност да ја посетат интерактивната Скопско гајба, каде ќе можат да се вратат во времето и да донесат своја стара фотографија со СКОПСКО, што ќе биде дел од изложбата посветена на историјата на овој омилен македонски бренд.

Овој викенд, Охрид не само што ќе биде домаќин на туристите, туку и на една голема прослава што го слави минатото, сегашноста и иднината на СКОПСКО. Не пропуштајте го ова уникатно искуство, бидејќи Охрид овој викенд ветува незаборавна забава на која ќе се зборува долго време!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни