Викендов се игра завршниот турнир на македонскиот ракометен куп

Минатата година пехарот го освои РК Алкалоид а најтрофејна е екипата на Вардар со вкупно освоени 16 трофеји

Традиционално, Охрид викендов е домаќин на „Фајнал фор“ турнирот на македонскиот куп во ракомет.

Програмата започнува во 17.00 часот со супер интересната пресметка помеѓу РК Алкалоид и РК Вардар, а од 19.30 во второто полуфинале ќе се сретнат домаќините РК Охрид и РК Пелистер Еурофарм.

Финалето на купот е закажано за утре, недела, први јуни.

Минатата година трофејот го освои РК Алкалоид а најтрофејна е екипата на Вардар со вкупно освоени 16 трофеји.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни